НУРКАЧИТЕ ОД АКВАТЕК ГО ЧИСТАТ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ВО НОВИОТ СПОТ НА „СКОПСКО“

    НУРКАЧИТЕ ОД АКВАТЕК ГО ЧИСТАТ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ВО НОВИОТ СПОТ НА „СКОПСКО“Паскали и колегите од Акватек редовно вадат најразновиден отпад од езерото (Фото: принтскрин/Јутјуб)

    „Скопско и сè е можно“ стана „Заедно и сè е можно“ во новата реклама на „скопско“, која повикува да ги чуваме Охридското Езеро и природата воопшто. Главен актер во рекламата е Никола Паскали, кој заедно со своите колеги од нуркачкиот клуб Акватек од Охрид се своевидни заштитници на езерото, од кое редовно вадат најразновиден отпад.

    „Секој нуркач е и заштитник на природата. Дедо ми ме земаше кога одеше по риба и преку тие моменти од детството се врзав со езерото и подоцна станав чувар на ова богатство, Почнавме да забележуваме многу отпад и тоа беше главниот мотив да ѝ помогнеме на природата“, вели Паскали во спотот.

    Од „Пивара Скопје“ велат дека нивното ново видео треба да послужи како инспирација да ја чуваме природата.

    „Никола Паскали и неговите пријатели од Акватек би биле најсреќни кога би биле само нуркачи кои уживаат во длабочините на Охридското Езеро, но нивната вредност е многу поголема, затоа што се грижат тоа да биде чисто“, велат од „Пивара Скопје“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира