Десет лица починаа од ковид-19 во изминатите 24 часа и потврдени се 316 нови случаи од направените 3.846 тестирања, објави Министерството за здравство.
Тројца од починатите се од Куманово (32, 72 и 77 години), по двајца од Охрид (59 и 64) и Свети Николе (66 и 68) и по еден од Крива Паланка (88), Берово (74) и Скопје (69). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистерот на умрени лица од ковид-19 од Мој термин, пријавени се уште четири починати лица од периодот меѓу 13 и 17 септември: две од Гостивар и по едно од Куманово и Ресен на возраст од 46 до 68 години.
Од новорегистрираните случаи, најмногу се од Скопје – 140, па следуваат Куманово 38, Велес и Штип по 19, Кавадарци 16, Прилеп и Охрид по 12, Струмица 11, Битола 8, Пробиштип 6, Тетово и Свети Николе по 5, Неготино и Крива Паланка по 4, Струга и Кратово по 3, Кичево, Кочани и Гевгелија по 2 и Радовиш, Виница, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица по 1.
Министерството за здравство пријави и 240 оздравени пациенти (Скопје 107, Куманово 27, Штип и Кочани по 14, Велес 12, Кавадарци 11, Прилеп 10, Битола 9, Гевгелија 8, Тетово 7, Кичево 6, Кратово и Демир Хисар по 3, Охрид 2, Свети Николе, Неготино, Радовиш, Ресен, Делчево, Богданци и Македонски Брод по 1).
Досега во земјата се направени 1.323.365 тестирања за коронавирус. Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата изнесува 194.891, бројката на оздравени е 181.031, а починале 6.831. Бројот на активни случаи изнесува 7.029.