СПЕЦИФИЧНА ТЕХНИКА НА ЦАРСКИ РЕЗ ОД КОЈА ПОБРЗО И ПОЛЕСНО СЕ ОПОРАВУВА ЗА ПРВПАТ ИЗВЕДЕНА НА СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈА

    СПЕЦИФИЧНА ТЕХНИКА НА ЦАРСКИ РЕЗ ОД КОЈА ПОБРЗО И ПОЛЕСНО СЕ ОПОРАВУВА ЗА ПРВПАТ ИЗВЕДЕНА НА СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈАЛекарскиот тим од ГАК со министерот Филипче и родилката со бебето (Фото: Министерство за здравство)

    Дваесет и тригодишна пациентка е првата родилка на Клиниката за гинекологија и акушерство врз која на 8 октомври беше изведен екстраперитонеален царски рез врз трудница, соопшти Министерството за здравство.

    Станува збор за специфична техника на царски рез која е однапред позната пред 70 години и во поново време првпат е реафирмирана во Франција. Ваков вид на породување со царски рез освен во Франција се изведува во Брисел, Белгија, во Загреб, Хрватска и во Тунис во Северна Африка.

    Техниката ја изведе д-р Игор Самарџиски, кој неодамна се вратил од едукативен престој-активен курс во болница во Ница, Франција каде каде учествувал во изведување на екстраперитонеални царски резови.

    Техниката, појаснуваат од Министерството, започнува во исти стил како и класичниот царски рез, но кон местото на сечењето на матката и вадењето на плодот се пристапува со посебна техника на странично избуткување на бешиката од местото каде што треба да се направи екстараперитонеалниот царски рез. Потоа следува специфично кружно шиење на отворот на матката, што исто така придонесува за намалување на времетраењето на интервенцијата и за подобро зараснување на местото каде е пресечена матката.

    Пациентката претходно имала три големи хируршки адоменални операции заради повреди на внатрешни органи. Постоеле индикации нејзиното породување да заврши со царски рез, кој требаше да се направи во интерес на бебето.

    „ГАК стана и прва клиника во регионот каде се примени оваа невообичаена техника. Среќен сум што по 30-годишно работно искуство на нашата клиника се роди бебе со екстраперитонеален царски рез, нешто за што сме слушале од повозрасните колеги. Пациентките со овој тип на царски рез побрзо и полесно се враќаат во нормален живот, нешто слично како после вагиналното породување. Бенефитот од екстраперитонеалниот царски рез е што родилката само неколку часа по операцијата може да се движи, да јаде, да пие и да му се посвети на своето новородено. Со оваа техника, се намалува и ризикот од внесување на интаабдоминални инфекции и намалување на сраслини на внатрешните и на репродуктивните органи, со што се намалува и можноста од постоперативен стерилитет“, изјави д-р Самарџиски.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира