Илјада починати од ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа во Русија, највисока дневна бројка од почетокот на коронакризата. Денес се регистрирани и 33 илјади нови болни. Бројката на новозаболени секојдневно расте веќе цела недела, а Кремљ ги обвинува Русите оти не сакаат да се вакцинираат против коронавирусот.
Само околу една третина од населението има примено вакцина, а владее голема недоверба кон вакцините.
Вкупната бројка од 222 илјади починати од ковид-19 е највисока во Европа.
Владата одбива да воведе строги рестрикции, со образложение дека економијата мора да остане отворена. Затоа пак, се фокусираат на јавната недоверба кон вакцинацијата.
„Во ситуација која расте бројот на заболени, неопходно е да продолжиме да им објаснуваме на луѓето да се вакцинираат. Неодговорно е да не се вакцинирате. Тоа убива“, рече владиниот портпарол Дмитри Песков.
Владата останува на ставот дека здравствениот систем не е преоптоварен и оти може да ја издржи растечката бројка на ковид пациенти.
Во Русија има 750 илјади активни болни. Од почетокот на пандемијата регистрирани се 8 милиони позитивни лица.