Излезноста на седмите Локални избори до 11 часот е 10,22 проценти, т. е. гласале вкупно 135.906 гласачи, вели портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугучевска, додавајќи оти податоците се однесуваат на вкупно обработени 2.544 места, односно 73,1 проценти од избирачките места.
До 11 часот најголема е излезноста во Општина Новаци, 25,84 отсто, по што следат Крива Паланка со 20,44
проценти, Вевчани со 18,61 процент, Лозово со 17.51 отсто.
Како најчест проблем со кој се соочуваат членовите на избирачките одбори е непрепознавањето на отпечатоци. Доколку уредот не може да му го најде отпечатокот тогаш се користи МП3 скенер, се става личната карта или патната исправа во него, и бидејќи тој е внатре во податоците, го пронаоѓа.
Меѓутоа, за секој случај има и трета опција со матичен број. Тоа е апарат кој има екран од осум инчи и дигитална тастатура. Го впишува матичниот број и тогаш го наоѓа. Меѓутоа, ќе го најде по важечкиот личен документ.
„Никако не смее да стави отпечаток од прст друго лице бидејќи веднаш ќе се открие овде кај нас и ќе се поништи гласањето на тоа место, а од друга страна тие што го направиле тоа може да сносат и одговорост поради тоа бидејќи тоа не е дозволено“, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Право на глас имаат 1.824.864 гласачи, што е најмногу од сите локални избори досега и пораст од 10.220 гласачи во однос на изборите во 2017. Ќе се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.
Б. НЕСТОРОСКА