ЕДЕН ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУС ОТИШОЛ ДА ГЛАСА, СЕДУМ СЛУЧАИ НА АГИТАЦИЈА НА ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ПРИЈАВЕНИ ВО МВР, КАЖА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ

    ЕДЕН ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУС ОТИШОЛ ДА ГЛАСА, СЕДУМ СЛУЧАИ НА АГИТАЦИЈА НА ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ПРИЈАВЕНИ ВО МВР, КАЖА ОЛИВЕР СПАСОВСКИИзборните инциденти, рече Спасовски, се за 40 отсто помалку од минатите избори, кога биле пријавени 150 случаи. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по затворањето на гласачките места на Локалните избори вечерва, кажа дека според вкупно 91 пријавен случај во МВР, изборите поминале во мирна атмосфера. Изборните инциденти, рече Спасовски, се за 40 отсто помалку од минатите избори, кога биле пријавени 150 случаи.

    Од пријавените инциденти во полиција на избирачките места, пет биле неосновани, седум за вознемирување при гласање, шест за фотографирање на гласачко ливче, имало и две за нарушување на јавниот ред и мир, за уништување на изборен материјал, а регистрирано е и позитивно лице на коронавирус, кое дошло на избирачко место да гласа.

    Спасовски кажа дека имало и пријавени полицајци кои агитирале на гласачки места во корист на партиски кандидати.

    „Од седум пријавени полицајци за агитирање, проверени се 6. Од нив основани се два случаја“, рече Спасовски.

    Тој не спомна ништо за наводите на политичка партија дека над 80 вооружени поранешни осудени лица се мобилизирале да прават бели на одредени гласачки места.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира