На локалните избори во Град Скопје, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска има предност од над 4.000 гласови во трката со актуелниот градоначалник Петре Шилегов од СДСМ по пребројани 87,53% од гласовите од вчерашниот прв круг.
Арсовска има 74.302 гласови, додека Шилегов има 69.850 гласови, според првичните неофицијални резултати од Државната изборна комисија.
По општини, Арсовска води во Карпош, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Аеродром, додека Шилегов има водство во Центар, Сарај, Чаир и Шуто Оризари.
Вториот круг е на 31 октомври.