ВО БИТОЛА ИЗЛЕЗНОСТА ВО ВТОРИОТ КРУГ Е ПОГОЛЕМА ОД ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО 2017

    ВО БИТОЛА ИЗЛЕЗНОСТА ВО ВТОРИОТ КРУГ Е ПОГОЛЕМА ОД ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО 2017До 13 часот излезноста на битолчани е 32 проценти, а пред четири години беше 28,86 проценти. (Фото: СДК.МК)

    Во Битола излезноста во вториот круг за избор на градоначалник годинава е поголема дури и од онаа во 2017. Според податоци од Државната изборна комисија (ДИК), до 13 часот излезноста на битолчани е 32 проценти, а пред четири години беше 28,86 проценти.

    Во однос на првиот круг на овие локални избори, излезноста сега е поголема за над седум проценти. Битола во втор круг избира градоначалник, а во 2017 година изборот го направи во првиот круг.

    Во првиот круг, според податоците од ДИК, водство со 1.645 глас повеќе освои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Тони Коњановски пред Христо Кондовски од СДСМ.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира