ИЗЛЕЗНОСТА НА ИЗБОРИТЕ ДО 18:30 ЧАСОТ Е 48,88 ОТСТО, ВО ДЕЛОВИ ОД ЦЕНТАР, САРАЈ И КАРПОШ ГЛАСАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА ЗА 3 ЧАСА

    ИЗЛЕЗНОСТА НА ИЗБОРИТЕ ДО 18:30 ЧАСОТ Е 48,88 ОТСТО, ВО ДЕЛОВИ ОД ЦЕНТАР, САРАЈ И КАРПОШ ГЛАСАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА ЗА 3 ЧАСАНајголемата излезност е забележана во Вевчани, Росоман и Демир Капија (Фото: К. Попов)

    Излезноста во вториот круг на локалните избори до 18:30 часот изнесува 48,88% и своето право на глас го оствариле 555.943 гласачи, објави Државната изборна комисија. Таа додаде дека гласањето на некои места ќе биде продолжено и по официјалниот крај на изборите во 19 часот.

    Станува збор за одделни гласачки места во Центар, Сарај, Карпош, Чешиново-Облешево, Зелениково, Пробиштип и Долнени, при што во некои случаи гласањето ќе биде продолжено за речиси три часа, како во скопските општини.

    Најголемата излезност е забележана во Вевчани 81,2%, Росоман 80,81% и Демир Капија 80,37%. Општината со најмала излезност е Сарај, 28,12%.

    „Имавме успешен и мирен изборен ден, со изолирани инциденти. Чекаме да видиме за што станува збор. Гласањето беше фер и демократско, а уредите за биометриско гласање работеа беспрекорно“, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

    Поднесени се 739 приговори, од кои 642 се прифатени, а 45 се одбиени.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира