БИЉАЛ КАСАМИ ОД БЕСА Е НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ТЕТОВО, ТЕУТА АРИФИ ОД ДУИ ПРИЗНА ПОРАЗ

    БИЉАЛ КАСАМИ ОД БЕСА Е НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ТЕТОВО, ТЕУТА АРИФИ ОД ДУИ ПРИЗНА ПОРАЗСпоред податоците на ДИК, по преброени 24 отсто од избирачките места, Касами има 1.700 гласови повеќе од Арифи. (Фото: СДК.МК)

    Кандидатот на Беса Биљал Касами победи во вториот круг на локалните избори во Општина Тетово, според неговата противкандидатка ДУИ, Теута Арифи. Таа призна пораз и му посака успешна работа на Касами.

    „Општина Тетово ќе биде водена од мојот противкандидат. Му посакувам успешна работа, Тетово е град со многу предизвици“, кажа Арифи на прес-конференција.

    Според податоците на ДИК, по преброени 24 отсто од избирачките места, Касами има 1.700 гласови повеќе од Арифи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира