СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО КАРПОШ, РЕЧЕ НЕМА ДА СЕ РЕВАНШИРА НИКОМУ

    СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО КАРПОШ, РЕЧЕ НЕМА ДА СЕ РЕВАНШИРА НИКОМУ„Нема лоши работи да има. Продолжуваме да работиме“, вети Јакимовски (Фото: Фејсбук/Принтскрин)

    Кандидатот на партијата ГРОМ за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски прогласи победа на локалните избори. Тој се враќа на градоначалничката функција на која беше пред Стефан Богоев, кој не се кандидираше на овие локални избори. Во вториот изборен круг Јакимовски ги измери силите со кандидатот на СДСМ Душко Весковски.

    Добре сте дојдени во Општината, јас на сите ќе бидам градоначалник. Благодарам, благодарам карпошани милијарда пати!“, рече тој вечерва.

    Нема реваншизам, нема лоши работи да има. Продолжуваме да работиме“, рече Јакимовски, и додаде дека со Карпош легнувал, со Карпош станувал додека бил градоначалник во претходниот мандат и оти така ќе биде и сега.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира