ДАНЕЛА АРСОВСКА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ГРАД СКОПЈЕ

    ДАНЕЛА АРСОВСКА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ГРАД СКОПЈЕАрсовска рече дека на изборите имала двајца противници, актуелниот градоначалник и премиерот во заминување. (Фото: К. Попов)

    Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска прогласи победа и рече дека победата е огромна.

    „Голема благодарност што ми ја дадовте довербата. Не можам да ја изразам мојата радост и колку ми значи што сите вие скопјани ги поддржавте мојата ивизија и моите проекти и што ми ја дадовте вашата дoверба да го водам Град Скопје во наредните четири години“, изјави Арсовска вечерва по вториот круг од локалните избори.

    Таа рече дека на изборите имала двајца противници, актуелниот градоначалник и премиерот во заминување.

    Според податоците на ДИК, по преброени 65 отсто од избирачките места, Арсовска има водство од над 20 илјади во однос на противкандидатот, актуелниот градоначалник, Петре Шилегов од СДСМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира