ЗАЕВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА КАКО ПРЕМИЕР И ЛИДЕР НА СДСМ

    ЗАЕВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА КАКО ПРЕМИЕР И ЛИДЕР НА СДСМЗаев останува на ставот дека и покрај неговата оставка не треба да има вонредни парламентарни избори. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ по денешниот втор круг од локалните избори. Пред да каже дека поднесува оставка, тој им честиташе на противниците на победата на локалните избори.

    „Во името на СДСМ им ја честитам на нашите опоненти победата на овие локални избори. Ја преземам одговорноста заклучно со резултатите на овие избори. Поднесувам оставка како премиер и претседател на СДСМ“, изјави Заев на прес-конференција, додавајќи:

    „Останувам на старото, не треба да има вонредни парламентарни избори. Ќе останам периодов додека треба, да се организира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има, а може и да се прошири“.

    „Горд сум што ја внесовме заедно земјата во НАТО. Лани добивме препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Попис спроведовме. За нас прогресивните кои им се радувавме на овие успеси, за жал дојде политичка казна. Разочараност за мнозинството кое ги избра истите кои пред само четири години тргнаа да убиваат луѓе во парламентот. Се здружија жртви и насилници. Јас сум донел слобода и демократија, а демократијата подразбира поднесување одговорност“, кажа Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира