ЌЕ ЈА ПРОДАДАМ „ТЕСЛА“ АКО МИ ДОКАЖАТ ДЕКА МОИТЕ МИЛИЈАРДИ МОЖАТ ДА ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ СО ГЛАД ВО СВЕТОТ, ВЕЛИ МАСК

    ЌЕ ЈА ПРОДАДАМ „ТЕСЛА“ АКО МИ ДОКАЖАТ ДЕКА МОИТЕ МИЛИЈАРДИ МОЖАТ ДА ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ СО ГЛАД ВО СВЕТОТ, ВЕЛИ МАСКБогатството на Маск се проценува на 311 милијарди (Фото: Гети)

    Илон Маск ги предизвика Обединетите нации да му приложат доказ за нивните тврдења дека само мал процент од неговото богатство може да го реши проблемот со глад во светот.

    Најбогатиот човек на планетата реагираше по коментарите на директорот на Светската програма за храна на ОН, Дејвид Бизли, кој ги повика милијардерите да излезат и помогнат на еднократна основа. Бизли директно ги повика на акција Маск и основачот на „Амазон“, Џеф Безос, тврдејќи дека со шест милијарди долари можат да се спасат од умирање 42 милиони луѓе.

    „Ако Светската програма за храна отворено ми опише како шест милијарди долари можат да го решат проблемот со глад во светот, јас веднаш ќе ги продадам моите акции во ‘Тесла‘. Но, сè мора да биде јавно, за да види јавноста како точно се трошат парите“, напиша Маск на Твитер.

    Маск е извршен директор на „Тесла“, која минатата недела стана една од ретките компании чија вредност достигна еден трилион долари. Шест милијарди долари би биле само делче од богатството на Маск, кое се проценува на 311 милијарди и порасна за 9,3 милијарди во само еден ден, на 29 октомври.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира