НОВ ЛЕК НА „ФАЈЗЕР“ ГИ НАМАЛУВА ШАНСИТЕ ЗА СЕРИОЗНА ФОРМА НА КОВИД-19 ЗА 89%

    НОВ ЛЕК НА „ФАЈЗЕР“ ГИ НАМАЛУВА ШАНСИТЕ ЗА СЕРИОЗНА ФОРМА НА КОВИД-19 ЗА 89%Новиот лек на „Фајзер“ се дава во комбинација со друг постар антивирусен лек (Фото: АП)

    „Фајзер“ предвреме ги прекинал тестирањата на својот експериментален лек против ковид-19, откако се покажало дека за 89% ги намалува шансите за хоспитализација и смрт кај лицата кај кои постои ризик да развијат сериозна форма на болеста. Ова ги надминува резултатите што „Мерк“ ги претстави за својата таблета против ковид-19 „молнупиравир“.

    Новиот лек на „Фајзер“ се дава во комбинација со постар антивирусен лек „ритонавир“ и овој третман ќе биде ребрендиран во „паксловид“. Третманот се состои од три апчиња кои се земаат двапати дневно.

    Истражувањето опфатило 1.219 пациенти со благ или умерен ковид-19, кои имале најмалку еден ризичен фактор да развијат сериозна форма на болеста. Само 0,8% од оние кои го земале лекот во првите три дена од појавувањето на симптомите завршиле во болница, а никој не починал по 28 дена лекување.

    За да бидат делотворни, антивирусните лекови треба да земаат најрано што може, пред да се развие инфекцијата.

    „Фајзер“ кажа дека планира да произведе повеќе од 180.000 паковки од лекот до крајот на годината, како и 50 милиони во 2022.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира