АКТЕРОТ ПОЛ ЊУМЕН СНИМИЛ ГОВОРНА ВЕРЗИЈА ОД АВТОБИОГРАФИЈАТА КОЈА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ 14 ГОДИНИ ПО НЕГОВАТА СМРТ

    АКТЕРОТ ПОЛ ЊУМЕН СНИМИЛ ГОВОРНА ВЕРЗИЈА ОД АВТОБИОГРАФИЈАТА КОЈА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ 14 ГОДИНИ ПО НЕГОВАТА СМРТСнимките го опишуваат детството на Њумен, за неговиот проблематичен однос со родителите, како и проблемите со алкохолот, брачните врски и родителството. (Фото: „Њујорк тајмс“)

    Пред повеќе децении, актерот Пол Њумен фрустриран од сите неавторизирани биографии и непоткрепени информации за неговиот живот, си снимил своја говорна приказна, но оставил и транскрипти кои со години биле заборавени во подрумот во неговата куќа во Конектикат. Њумен, препознатлив по неговите сини очи и 50-годишната актерска кариера во филмови како „Буч Касиди и Санденс Кид“, почина на 83 години во 2008.

    Сега, неговото семејство одлучило да ги објави транскриптите во мемоари, кои ќе излезат следната есен во издание на „Кноф“.

    „Она што го сними и во суштина она што го напиша, беше толку искрено, еден вид откритие“, вели Питер Гетерс, главен уредник во „Кноф“.

    Книгата ја почнал пред повеќе од 30 години, како говорна историја, на која работел со еден од неговите најблиски пријатели, сценаристот Стјуарт Стерн. Тој со години интервјуирал разни личности од животот на Њумен, како неговите деца, поранешната сопруга Џеклин Вит, блиски пријатели, актери и режисери со кои соработувал. Од тие разговори произлегле илјадници страници и транскрипти и го убедил Њумен да сними и своја верзија. Така, снимиле еден микс од интервјуа и монолози на Њумен без задршка.

    Снимките, кои биле готови десет години пред неговата смрт, го опишуваат детството на Њумен, за неговиот проблематичен однос со родителите, како и проблемите со алкохолот, брачните врски и родителството. Говори и за тагата кога починал неговиот син Скот, од предозираност на 28 години.

    Книгата навлегува и во неговата несигурност во младешките денови, за љубомората што ја чувствувал кон Џејмс Дин и Марлон Брандо.

    Книгата сѐ уште нема наслов, но Гетерс вели оти ќе биде 80 отсто мемоари, а останатиот дел ќе биде базиран на снимките што Стерн ги направил со блиските луѓе до Њумен. Исто така, ќе има и претходно необјавени семејни фотографии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира