АВСТРИЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ВЛЕЗ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19 НА ЈАВНИ МЕСТА

    АВСТРИЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ВЛЕЗ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19 НА ЈАВНИ МЕСТАВо Австрија, 66.5 отсто од населението е целосно вакцинирано. (Фото: „Ањуз“)

    Невакцинираните граѓани против ковид-19 во Австрија наскоро ќе добијат забрана да се движат во одредени делови од јавниот живот, соопшти Владата. На состанокот на лидерите на деветте држави во земјата беше договорено да се воведат нови правила, според кои, ќе се бара ковид сертификат за примена вакцина или за прележана болест за да може да се влезе во кафулиња, ресторани, фризерски салони, разни настани или туристички места.

    Изминатиов период Австрија бележи значителен раст на бројката новозаболени. До петокот, во изминатите 24 часа беа регистрирани 9.388 новозаболени. Ланската највисока дневна бројка беше 9.586.

    „Ситуацијата е сериозна и креветите за интензивна нега се полнат побрзо одошто очекувавме. Едноставно, наша одговорност е да ги заштититме граѓаните“, рече канцеларот Александер Шаленберг.

    Во Австрија, 66.5 отсто од населението е целосно вакцинирано.

    Додека да стартуваат мерките за четири недели, граѓаните ќе може да влегуваат во објектите и со примена барем една доза или негативен ПЦР тест.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира