ОД СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ Д-Р СОФИЈА ПЕЈКОВА, НОСИТЕЛКАТА НА СОВЕТНИЧКАТА ЛИСТА НА СДСМ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    ОД СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ Д-Р СОФИЈА ПЕЈКОВА, НОСИТЕЛКАТА НА СОВЕТНИЧКАТА ЛИСТА НА СДСМ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИд-р Пејкова вели дека се повлекува од советничкото место поради професионални обврски. (Фото: Фејсбук)

    Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија д-р Софија Пејкова се повлече од нејзиното место во Советот на Град Скопје. На локалните избори Пејкова беше носителка на листата на советници на СДСМ за Советот.

    Пејкова ни потврди дека се повлекува од советничкото место поради професионални обврски.

    „Се повлекувам од Советот на Град Скопје поради зголемен професионален ангажман како хирург на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје“, ни рече д-р Пејкова.

    На локалните избори најмногу советници во Советот на Град Скопје освои ВМРО-ДПМНЕ 18, а СДСМ освои 12. ДУИ има пет советници, Левица четири, а по две советнички места имаат Алијанса за Албанците/Алтернатива и независните кандидати од Зелен хуман град.

    ВМРО-ДПМНЕ и Левица на 28 октомври кажаа дека обезбедиле мнозинство во Советот на Град Скопје со 24 советници.

    Конститутивната седница на Советот на Град Скопје треба да биде закажана наредниве денови, откако вчера новата градоначалничка Данела Арсовска ја презеде функцијата од Петре Шилегов.

    А. АНТЕВСКА  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира