ПРАТЕНИКОТ СКЕНДЕР РЕЏЕПИ ПРИФАТИ НОВА ИНИЦИЈАТИВА ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА, АКО НЕ СЕ ПРЕДОМИСЛИ ЌЕ СЕ ПОДНЕСЕ УТРЕ

    ПРАТЕНИКОТ СКЕНДЕР РЕЏЕПИ ПРИФАТИ НОВА ИНИЦИЈАТИВА ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА, АКО НЕ СЕ ПРЕДОМИСЛИ ЌЕ СЕ ПОДНЕСЕ УТРЕНа новата иницијатива би биле потпишани тој и 19 пратеници само од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на Реџепи му беа проблем потписите на двајцата пратеници од Левица. (Архивска фотографија)

    Пратеникот Скендер Реџепи-Зејд од Алтернатива ја прифати понудата од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски да се потпише на нова иницијатива за Барање за гласање доверба на Владата. На новата иницијатива би биле потпишани тој и 19 пратеници само од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на Зејд му беа проблем потписите на двајцата пратеници од Левица.

    Редоследот би бил најпрво утре да биде повлечена првата иницијатива за доверба на Владата поднесена вчера со потписи од 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алијанса, Алтернатива и Левица, по што би се поднела нова.

    Според Член 215 од Деловникот, за поставеното прашање за доверба на Владата, претседателот на Собранието веднаш свикува седница. Седницата се одржува третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата. Рокот почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата. Значи ако новата иницијатива се поднесе во Собрание утре (среда) рокот почнува да тече од четврток и седницата би се одржала в сабота.

    Пратеникот Зејд најави дека утре ќе се консултира со партијата. Со неговиот и гласовите на останатите три пратеника од Алтернатива, тие на Алијанса на Албанците, на Левица и на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има 61 глас за Владата да падне.

    Но според пратеници од власта, неизвесно е дали Реџепи би гласал за нова влада ако во неа учествува и Левица, па ако не гласа ќе мора да се распишат нови парламентарни избори. Соговорниците велат дека нивниот колега во никој случај нема да гласа за Влада од истите причини, затоа што ќе треба да гласа во исто парламентарно мнозинство со Левица и за влада со неа, а тој е убеден дека оваа партија работи против албанските интереси.

    Без него повторно соодносот би бил 60 спрема 60, што не би било доволно да се формира нова влада и ќе мора да се оди на нови избори.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира