ГО ОСУДУВАМ ВАНДАЛСКИОТ ЧИН, НИЕ НЕКОЛКУ ПАТИ РЕАГИРАВМЕ ДО МВР, НО ПОЛИЦИЈА НИГДЕ НЕМА, Ѝ ОДГОВОРИ МУЦУНСКИ НА ЈАНЧЕВА ЗА ОШТЕТЕНИОТ АВТОМОБИЛ

    ГО ОСУДУВАМ ВАНДАЛСКИОТ ЧИН, НИЕ НЕКОЛКУ ПАТИ РЕАГИРАВМЕ ДО МВР, НО ПОЛИЦИЈА НИГДЕ НЕМА, Ѝ ОДГОВОРИ МУЦУНСКИ НА ЈАНЧЕВА ЗА ОШТЕТЕНИОТ АВТОМОБИЛМуцунски вели дека проблемот е во Министерството за внатрешни работи оти полиција никаде нема да врши редовни патроли. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски го осуди уништување на автомобилот на поранешната претседателка на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева. Муцунски, откако утрово Јанчева побара од него како градоначалник заштита на сите граѓани, на својот фејсбук профил напиша дека како градоначалник на Општина Аеродром и како граѓанин го осудува овој вандалски чин и вакви нешта во општината не смее да се случуваат.  Муцунски вели дека проблемот е во Министерството за внатрешни работи оти полиција никаде нема да врши редовни патроли.

    „Почитувана госпоѓа Јанчева, досега неколку пати реагираме како Општина до МВР во врска со нивното дејствување во Аеродром и слабите контроли, неприсуството на полиција на терен и не добиваме никаков одговор. Во мојата програма нема опции од една или друга страна, сите се исти и затоа работиме со сите сили за една поинаква општина на која сите ќе сме горди. Ги повикувам институциите да преземат мерки, а ние ќе ги интензивираме нашите соработки со институциите за еден безбеден Аеродром за сите“, напиша Муцунски на својот фејсбук профил.

    Јанчева утрово објави фотографија од нејзината кола испрскана со пурпена и кажа дека причините се политички и дека ова не е прв пат да ѝ биде оштетено возилото.

    A.АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира