Македонскиот електроенергетски стожер РЕК „Битола“ денеска произведува струја со еден блок. Во погон од вчера е Блок 2, додека првиот блок во текот на ноќта беше плански запрен за редовна ревизија.
Од еден часот по полноќ, првиот блок е во 12-часовен застој и денеска повторно ќе биде вратен на мрежа. Од Комбинатот неофицијално велат дека се работи за плански застој и за тековен работен процес кој и претходно се случувал. Третиот блок сè уште не работи, откако пред десет дена имаше пожар на трафостаница.
Од трите блока во РЕК, модернизирани беа вториот и третиот блок, не и првиот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА