„МАСЛОДАЈНА“ ОТКУПИ 6,5 ИЛЈАДИ ТОНИ СОНЧОГЛЕД ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ

    „МАСЛОДАЈНА“ ОТКУПИ 6,5 ИЛЈАДИ ТОНИ СОНЧОГЛЕД ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕВелешка „Маслодајна“ неколку години води кампања, со цел враќање на сончогледот на македонските полиња. (Фото: СДК.МК)

    Привршува откупот на сончогледот во велешката фабрика за масло „Кристал“. Започна од крајот на август и досега се откупени 6,5 илјади тони, или безмалку целокупниот род од земјава, а две илјади тони, се набавени од Србија. Сушата придонела сончогледот да има помал род од претходните години.

    „Овие откупени количини се незначителни, во однос на нашите инсталирани капацитети. Оваа количина ги покрива потребите за 30 отсто од планираното производство. Остатокот ќе треба да го надополниме со сончоглед, што е тешко или со купување на сурово сончогледово масло од увоз“, кажа Силвана Манаскова, раководител на сектор.

    Велешка „Маслодајна“ неколку години води кампања, со цел враќање на сончогледот на македонските полиња. Кампањата дава резултати, но потребна  е помош и од државата, велат од фабриката. Со земјоделците се склучуваат договори, со кои тие добиваа бесплатен семенски материјал, вештачко ѓубриво и средства за заштита. Годинава за прв пат имало и загарантирана најниска откупна цена која била 19 денари од килограм, а откупната била 28. Осумдесет отсто од земјоделците кои го предале сончогледот, веќе биле исплатени.

    Велешка „Маслодајна“ има капацитет да ги задоволи потребите на земјава со производство над 50 отсто од целокупните потреби. Лани од македонските полиња беа откупени три илјади тони, во 2019 седум илјади тони а во 2018- 2,3 илјади тони сончоглед.

    Цената на маслото за јадење, од раководството на „Маслодајна“ соопштуваат дека се формира според светските берзи. Во Македонија во просек се троши за една година по едно шише масло по жител за еден месец. До пред 20-тина години, целокупните потреби од 24 илјади тони масло за јадење во Македонија, биле задоволувани од домашно производство, не од увоз.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира