ПРОДАВАЧКА НА ПАЗАРОТ ВО ВУХАН Е ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ПРОДАВАЧКА НА ПАЗАРОТ ВО ВУХАН Е ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКО ИСТРАЖУВАЊЕСимптомите кај продавачката се појавиле на 11 декември (Фото: АП)

    Првиот познат случај на коронавирус е продавачка на пазарот во кинескиот град Вухан, а не сметководител кој немал никакви врски со пазарот, што ги покрена шпекулациите дека вирусот можеби протекол од лабораторија, се вели во ново американско истражување.

    Потеклото на вирусот што го предизвикува ковид-19 останува мистерија и е главен извор на тензиите помеѓу САД и Кина.

    Заедничка студија на Кина и Светската здравствена организација ја отфрли теоријата дека вирусот потекнал од лабораторија, велејќи дека најверојатната хипотеза е дека бил пренесен на човек преку трговијата со диви животни. Тим предводен од СЗО помина четири недели во и околу Вухан и во извештајот од март заклучи дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци врз луѓето преку некое друго животно, но и дека се потребни дополнителни истражувања.

    „Сметководителот, кој досега се сметаше за првата заразена личност, ги пријавил првите симптоми на 16 декември. Сепак, симптомите кај него се појавиле по повеќе случаи на пазарот Хуенан, со што една тамошна продавачка стана најраниот познат случај на коронавирус, со појава на болеста на 11 декември“, вели Мајкл Вороби, шефот на одделот за екологија и еволуциска биологија на Универзитетот на Аризона.

    Тој вели дека најраните симптоматски случаи на коронавирусот се поврзуваат со пазарот, особено со западната секција, каде што имало затворени ракуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира