АГУЕРО МОРА ДА ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА ПОРАДИ СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИ

    АГУЕРО МОРА ДА ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА ПОРАДИ СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИАгуеро колабираше за време на натпреварот со Алавес на 30 октомври (Фото: Гети)

    Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро, ќе мора да ја заврши кариерата поради проблеми со срцето, објавија најпознатите фудбалски новинари Фабрицио Романо и Херард Ромеро, што и официјално ќе биде објавено следната недела.

    „Одлуката е донесена и Барселона е веќе информирана“, напиша Романо на Твитер.

    Триесет и тригодишниот Агуеро заврши во болница откако почувствува непријатност во градите за време на натпреварот со Алавес на 30 октомври. Аргентинецот тогаш легна на тревникот кон крајот на првото полувреме држејќи се за градите, по што на кардиолошките прегледи му била дијагностицирана аритмија. Барселона потоа објави дека Агуеро нема да игра најмалку три месеци.

    Тој одигра само пет натпревари за Барселона откако летоска дојде како слободен играч од Манчестер сити, со кој за десет години освои пет шампионски титули. Агуеро е најдобриот стрелец во историјата на Сити со 260 голови, додека за репрезентацијата на Аргентина постигна 41 гол на 101 натпревар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира