18 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, МЕЃУ НИВ И 35-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД СКОПЈЕ, НОВИ 389 СЛУЧАИ

    18 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, МЕЃУ НИВ И 35-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД СКОПЈЕ, НОВИ 389 СЛУЧАИВо земјава активни се 8.535 случаи. (Фото:СДК.МК)

    Денес се регистрирани 389 нови случаи на ковид-19, а починаа 18 лица од кои најмладиот е 35-годишен пациент. Седум од починати лица се од Скопје (92г, 90г, 88г, 76г, 72г, 70г и 35г), по 2 починати лица од Валандово (70г и 64г), Кавадарци (74г и 71г), Крива Паланка (88г и 78г), и по едно починато лице од Куманово (62г), Струмица (78г), Свети Николе (86г), Велес (66г) и Тетово (49). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

    Новите случаи се од направени 2.633 тестирања и се во : Скопје – 179, Битола – 33, Штип – 25, Куманово – 20, Прилеп – 17, Охрид – 15, Кавадарци и Струмица – по 14, Кочани и Гевгелија – по 11, Струга – 7, Тетово и Велес – по 6, Неготино и Демир Хисар – по 4, Кичево, Свети Николе, Ресен и Делчево – по 3, Крива Паланка, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово – по 2, Демир Капија – 1.

    Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од: Скопје – 126,Прилеп – 42, Струмица – 26, Битола – 23, Куманово и Кочани – по 21, Неготино – 8, Пробиштип – 7, Кавадарци и Дебар – по 6, Охрид, Демир Хисар, Делчево, Виница и Пехчево – по 3, Валандово и Богданци – по 2, Тетово, Кичево и Крива Паланка – по 1.

    Направени се 2.633 тестови преку: ИЈЗ-178, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-80, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–27, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–295,Жан Митрев (Филип Втори)-51, Авицена-96, Биотек-172, Систина-33, лабораторија Лаор-139, Синлаб-3, Ремедика-0, Плодност–43, Генеа-8, Никоб лаб-181, ВФВ Медикал-29, Ели Медика-25, Ројал Медика–14, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб – 5, Жан Митрев Струмица – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.115.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.449.036 тестирањана ковид-19. Вкупната бројка на ковиддијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.220,бројот на оздравени пациенти е 196.249, на починати е 7.436, а бројот на активни случаи изнесува 8.535.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира