Пет ученици од основното училиште „Исмаил Ќемали“ во скопската Општина Чаир се меѓу 45-те загинати загинатите во автобуската несреќа која ноќеска се случи во Бугарија. Наставата во училиштето денеска е прекината, бидејќи учениците биле шокирани и растревожени од загинувањето на соучениците.
„Загинатите 5 деца се од второ до деветто одделение. Децата се роднини, од исто семејство. Сликата утрово во училиштето беше тажна, децата плачеа, тагуваа по нивните другари. Решивме денеска наставата во училиштето да биде прекината“, ни изјави градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.
Во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во близина на Перник загинаа 45 лица од кои 12 деца, а седум патници се повредени, но се надвор од животна опасност. Македонските државјани се враќале од Истанбул, каде што заминале на 18 ноември.
Кои се причините за несреќата треба да покаже истрагата која ќе ја спроведува бугарското обвинителство и нема да има паралелна истрага во Македонија.
А. АНТЕВСКА