ГЕРМАНИЈА ОЧЕКУВА ДА ЈА ДОБИЕ НОВАТА ВЛАДА ВО ПОЧЕТОКОТ НА ДЕКЕМВРИ ОТКАКО ТРИТЕ ПАРТИИ ПОСТИГНАА ДОГОВОР

    ГЕРМАНИЈА ОЧЕКУВА ДА ЈА ДОБИЕ НОВАТА ВЛАДА ВО ПОЧЕТОКОТ НА ДЕКЕМВРИ ОТКАКО ТРИТЕ ПАРТИИ ПОСТИГНАА ДОГОВОРМеркел доби букет цвеќе од нејзиниот наследник Олаф Шолц пред денешниот состанок (Фото: АФП)

    Трите партии кои ќе ја формираат новата германска влада, Социјалдемократи (СПД), Зелени и Слободни демократи (ФДП), денеска ќе го претстават својот коалициски договор, што ќе значи свртување на политичката моќ на земјата на лево и ќе стави крај на ерата на Ангела Меркел.

    Со договорот, кој следува осум недели по изборите, Германија ќе ја добие првата трипартиска федерална влада од 1950-ите, со која завршува 16-годишното владеење на конзервативците предводени од Меркел. Нејзиниот наследник треба да биде лидерот на СПД, Олаф Шолц, актуелниот министер за финансии.

    Трите партии имаат мнозинство во долниот дом на парламентот и се надеваат дека новата влада ќе положи заклетва во почетокот на следниот месец.

    Тие ветија сеопфатно обновување и будење на земјата, со цел да се справи со предизвиците како климатски промени и заостаната дигитална инфраструктура. Новата влада планира да ја зголеми законската минимална плата на 12 евра на час, што беше едно од клучните предизборни ветувања на СПД и да ја намали возрасната граница за гласање од 18 на 16 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира