ЏОНСОН ЈА НАЛУТИ ФРАНЦИЈА ОТКАКО ЈА ПОВИКА ДА ГИ ВРАТИ МИГРАНТИТЕ КОИ ГО ПРЕМИНАЛЕ ЛА МАНШ

    ЏОНСОН ЈА НАЛУТИ ФРАНЦИЈА ОТКАКО ЈА ПОВИКА ДА ГИ ВРАТИ МИГРАНТИТЕ КОИ ГО ПРЕМИНАЛЕ ЛА МАНШФранцускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан кажа дека писмото на Џонсон е неприфатливо (Фото: АП)

    Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан го откажа состанокот со својата британска колешка Прити Пател откако Борис Џонсон јавно ја повика Франција да ги врати мигрантите кои го преминале Ла Манш. Во ескалацијата на политичката криза која уследи по смртта на 27 мигранти во каналот, Дарманан кажа дека Франција е разочарана од писмото што британскиот премиер го постави на Твитер.

    „Неговото објавување ја направи ситуацијата уште полоша“, кажа Дарманан.

    Џонсон истакна пет чекори во писмото до Емануел Макрон како да се избегнат трагедии како онаа од средата.

    „Сметаме дека јавното писмо на Џонсон е неприфатливо и спротивно на дискусиите со нашите партнери“, изјави Дарманан.

    Завчерашното потонување на чамецот со мигранти е најголемата трагедија од тој вид во Ла Манш досега, откако загинаа 17 мажи, седум жени, од кои една трудница и три деца. Две лица се спасени, а едно се води како исчезнато.

    Меѓу предлозите на Џонсон во писмото стои и дека треба да се постигне договор со Франција за враќање на мигрантите кои го преминале каналот, што би имало моментален и значаен ефект.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира