Премиерот Зоран Заев треба да почека со оставката на оваа функција, изјави денеска првиот вицепремиер Артан Груби. СДСМ ќе бира нов лидер на 12 декември на внатрепартиски избори, откако вчера на седницата на Централниот одбор на партијата одлучи да почне постапка за избор на нов лидер по поднесената оставка од лидерот Заев, кој на 31 октомври по локалните изброи најави дека ќе поднесе оставка и од обете финкции.
„Имаме многу битни прашња пред нас во месеците коишто следат и сметаме дека заедно со Заев на чело на таа Влада ќе треба да ги заокружиме сите процеси, вклучително и испраќање на позитивен одговор на сите прашања коишто се дел од дијалогот со соседна Бугарија за да се откочи патот кон добивање на датум за првата меѓувладина конференција и отпочнување на преговори за членството во ЕУ“, изјави Груби, кој денеска заедно со европратеникот Илхан Ќучук беше во посета на Основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Чаир каде учеа пет деца кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија.
Груби рече дека ДУИ ќе ја почитува одлука на СДСМ за избор на нов претседател на партијата и дека тое е нивно внатрепартиско прашање.
Постапката за кандидирање нов лидер на СДСМ почнува денеска и може да се кандидираат сите членови на партијата кои ги исполнуваат критериумите. Заев по оставката останува активен член на СДСМ, изјави синоќа портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска по седницата на на Централниот одбор .
Таа кажа дека Заев ги информирал членовите на Централниот одбор оти парламентарното мнозинство е стабилно, изнесува 61 пратеник, со можност да се зголеми дополнително во наредниот период, а Централниот одбор на СДСМ смета дека има простор за разговори за приклучување на партијата Алтернатива и за тоа останува пренесената надлежност на Заев.