МАГДАЛЕНА АНДЕРСОН ПОВТОРНО ИЗБРАНА ЗА ШВЕДСКА ПРЕМИЕРКА, ЧЕТИРИ ДЕНА ОТКАКО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    МАГДАЛЕНА АНДЕРСОН ПОВТОРНО ИЗБРАНА ЗА ШВЕДСКА ПРЕМИЕРКА, ЧЕТИРИ ДЕНА ОТКАКО ПОДНЕСЕ ОСТАВКААндерсон е првата жена на премиерската функција во Шведска (Фото: АП)

    Магдалена Андерсон повторно е избрана за премиерка на Шведска, неколку дена откако помина на функцијата само неколку часа. Пратениците ја поддржаа 54-годишната социјалдемократка со тесна разлика на денешното гласање и таа ќе се обиде да ја води еднопартиската влада до изборите следниот септември.

    Андерсон во четвртокот првпат беше избрана за премиерка, прва во историјата на земјата, но поднесе оставка истиот ден откако Зелената партија излезе од владината коалиција поради хаосот околу буџетот. Парламентот тогаш не го усвои буџетот предложен од Андерсон, туку оној на група опозициски партии, вклучувајќи ја и крајната десница.

    Пред да стане лидерка на Социјалдемократите во почетокот на ноември, Андерсон седум години беше министерка за финансии.

    Иако жените уште пред 100 години добија право на глас, Шведска до изборот на Андерсон беше единствената скандинавска држава која немала премиерка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира