Владата на денешната седница донесе одлука да го зголеми буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација за следната година во износ од 250 милиони денари за реализација на програмските активности на Македонската радиотелевизија, соопшти Владата. Со ова зголемување од 4 милиони евра, буџетот на МРТВ во 2022 година ќе изнесува 15 милиони евра.
Ваквата одлука е донесена на иста седница со одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти поради постојаните поскапувања и намалување на животниот стандард на граѓаните. Дополнетиот предлог-буџет за 2022 се враќа на усвојување на пленарна седница на Собранието.
Генерален директор на МРТВ уште од 2012 година е Марјан Цветковски. Генералниот директор на МРТВ го бира Програмскиот совет на МРТВ, чии што пак членови ги бира Собранието со двотретинско мнозинство и последен пат пратениците избраа членови на ова тело во 2014 година, кога премиер беше Никола Груевски.
Од Собранието нема абер за избор на нови членови на Програмскиот совет.
М. ИЛИОСКИ