И НА ЛЕНИНОВА ТРОТОАРИТЕ ЌЕ СЕ ОСЛОБОДУВААТ СО ПАРКИРАЊЕ ВО ЏЕБОВИ САМО ЗА СТАНАРИТЕ, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР

    И НА ЛЕНИНОВА ТРОТОАРИТЕ ЌЕ СЕ ОСЛОБОДУВААТ СО ПАРКИРАЊЕ ВО ЏЕБОВИ САМО ЗА СТАНАРИТЕ, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАРНа Ленинова сега пешаците одат по улици оти тротоарите се паркинг.(Фото: СДК.МК)

    Тротоарите на скопската улица Ленинова на потегот од булеварот Партизански одреди до улицата Теодосиј Гологанов напролет ќе се ослободуваат од коли. Општина Центар најавува дека и на оваа улица ќе се реконструира како улицата Орце Николов, односно ќе бидат изведени џебови за паркирање, а тротоарите ќе бидат слободни за пешаци.

    Сега на оваа улица пешаците одат по коловозот, бидејќи тротоарите се целосно окупирани со паркирани возила од станарите. Улицата е цела со дупки и прокопи.

    „Според проектното решение, ќе се постави атмосферска канализација, ново осветлување и 134 резидентни паркинг места. По реконструирањето, улицата која сега е под надлежност на ЈП ‘Градски паркинг‘, ќе припадне под ЈП ‘Паркинзи Општина Центар‘, преку кое обезбедуваме 134 резидентни паркинг места преку џебови“, вели градоначалникот Горан Герасимовски, кој вчера имаше средба со жителите на улицата.

    Реконструирањето на улицата ќе започне напролет, до кога треба да завршат градежни зафати на екипите од ЕВН кои поставуваат кабли за засилување на електричното напојување.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира