ДИРЕКТОРОТ НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ЃОРЃИ ГАЛЕТАНОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    ДИРЕКТОРОТ НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ЃОРЃИ ГАЛЕТАНОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКАГалетановски вели дека е горд што за време на неговиот мандат Зоолошката стана најпосетувана иституција во земјава. (Фото: СДК.МК)

    Директорот на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски поднесе оставка од функцијата. Галетановски дојде на директорското место пред три и пол години, како дел од тимот на ексградоначалникот Петре Шилегов. Галетановски денеска оставката ја дoставил на градоначалничката Данела Арсовска.

    Галетановски вели дека е горд што за време на неговиот мандат Зоолошката стана најпосетувана иституција во земјава.

    „Во изминатите три и пол години успеавме рекордно да ја зголемиме посетеноста, да ги изработиме сите проекти кои ги ветивме, донесовме многу нови животни за првпат во нашата држава, а децата добија омилено место за секојдневни прошетки. Зоолошка градина Скопје стана најпосетена институција во државата, го отворивме и најзелениот Дино Парк со најмногу диносауруси на Балканот со преку 400 дрвjа и садници. Успеавме да средиме делови од градината кои со години не биле санирани, ги исчистивме езерата после 13 години, ја отворивме Бејби Зоо и направивме живеалишта за фламинга и пингвини по светски стандарди“, вели Галетановски.

    Галетановски е трет директор кој е веќе не е на функцијата по доаѓањето на Арсовска. Претходно беа разрешени в. д. директорите на депонијата „Дрисла“ Коста Начевски и на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска. На местото на Начевски поставен е Јане Мицевски, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Сопиште на локалните избори, а во „Лајка“ нов  в. д директор е Воислав Димитровски за кого од кабинетот на Арсовска соопштија дека бил предлог на здруженијата за заштита на животните.

    A. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира