АГРЕСИЈАТА ЌЕ ИМА ВИСОКА ЦЕНА – И БРИТАНИЈА И ЕУ Ѝ СЕ ЗАКАНУВААТ НА РУСИЈА СО САНКЦИИ АКО ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА

    АГРЕСИЈАТА ЌЕ ИМА ВИСОКА ЦЕНА – И БРИТАНИЈА И ЕУ Ѝ СЕ ЗАКАНУВААТ НА РУСИЈА СО САНКЦИИ АКО ЈА НАПАДНЕ УКРАИНАРусија распореди десетици илјади војници долж источната граница на Украина (Фото: АП)

    Велика Британија ги поддржа САД и ѝ се закани на Русија со сериозни економски последици ако ја нападне Украина. Министерката за надворешни работи Лиз Трас изјави дека на состанокот на Г7 во Ливерпул овој викенд ќе се покаже единство и јасно ќе се порача дека таков потег би била стратепка грешка.

    Иако распореди десетици илјади војници долж источната граница на Украина, Русија негира дека планира инвазија, што според Киев, треба да се случи на крајот на следниот месец.

    „Велика Британија и сојузниците мора да ја одвратат Русија од акција. Г7 јасно ќе го изрази својот став против агресија, со почитување на Украина. Но, ако Русија тргне во напад, тоа ќе биде стратешка грешка и таа ќе се соочи со сериозни економски последици“, изјави Трас.

    Украина дели граница и со ЕУ и со Русија, која бара гаранции дека НАТО нема да се шири кон исток. Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера го отфрли руските барања за поништување на обврските кон Украина од 2008 дека таа еден ден ќе стане членка на алијансата.

    „Членството на Украина во НАТО ќе бидат решено од 30-те членки и самата Украина, никој друг“, изјави Столтенберг.

    И Европската Унија сака да спречи руска инвазија на Украина со пакет конкретни санкции, кажа преседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

    „Агресијата мора да има висока цена. Тоа јасно ќе ѝ го пренесеме на Русија“, кажа Фон дер Лајен.

    Според НАТО, Русија распоредила меѓу 75.000 и 100.000 војници во близина на украинската граница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира