САНИРАНИ ДЕФЕКТИТЕ НА ДАЛНОВОДИТЕ, ДОБИЈА СТРУЈА ДЕБАР, РЕСЕН, ОХРИД И СТРУГА, ВЕЛИ МЕПСО

    САНИРАНИ ДЕФЕКТИТЕ НА ДАЛНОВОДИТЕ, ДОБИЈА СТРУЈА ДЕБАР, РЕСЕН, ОХРИД И СТРУГА, ВЕЛИ МЕПСОЦел Охридско-Струшки Регион остана без струја оти претпладнево поради невремето и снежните врнежи без напон останаа 110кV далекувод Вруток-Шпиље и 110кV далекувод Битола-Ресен. (Фото: СДК.МК)

    Добија струја Дебар, Ресен, Охрид и Струга, и околните населени места, откако сите дефекти во преносната мрежа се отстранети и обезбедено е редовно напојување со електрична енергија, соопшти АД МЕПСО.

    „Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија, откако претпладнево поради невремето и снежните врнежи без напон останаа 110кV далекувод Вруток-Шпиље и 110кV далекувод Битола-Ресен“, велат од МЕПСО.

    Поради дефектот, проблеми имаше и со мобилната телефонија и интернетот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира