Шест лица без ковид сертификати и едно со лажен сертификат биле затекнати вчеравечер во два угостителски објекта во Битола, при контрола на полицијата заедно со Управата за јавни приходи (УЈП) и Државен пазарен инспекторат ДПИ).
Во објектот лоциран на Широк сокак била пронајдена марихуана во две пакувања и три таблетки. Било приведено едно лице, а лишени од слобода уште осум други за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Од Државниот пазарен инспекторат констатирани биле пет лица без ковид сертификати за што ќе следат санкции.
Во објект на улица Партизанска констатирани биле прекршоци на јавниот ред и мир, при што биле приведени три лица и уште едно за спречување на службено лице при вршење на должност. Од Државен пазарен и инспекторат констатирале присуство на едно лица без ковид сертификат и едно лице со лажен ковид сертификат.
Ж. ЗДРАВКОВСКА