ЗА 10 ДЕНАРИ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ ЗА ПАРКИРАЊЕ НА „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“, АРСОВСКА ПОБАРАЛА НОВ ЦЕНОВНИК

    ЗА 10 ДЕНАРИ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ ЗА ПАРКИРАЊЕ НА „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“, АРСОВСКА ПОБАРАЛА НОВ ЦЕНОВНИКГрадоначалничката Данела Арсовска доставила допис до раководството на претпријатието да се изготви нов ценовник со 25 осто пониски цени. (Фото: СДК.МК)

    За 10 денари ќе се намалат цените за паркирање на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ во Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска доставила допис до раководството на претпријатието да се изготви нов ценовник со намалување за 25 отсто на цените за паркирање. Како што стои во дописот, намалувањето на цените е како резултат на изборната програма на градоначалничката во која вети поевтин паркинг.

    Директорот на ЈП „Градски паркинг“ Борче Јакимовски вели дека дал налог на службите да изготват нов ценовник и до крајот на неделава ќе биде закажана седница на Управниот одбор, на која треба да биде усвоен новиот ценовник.

    „Потоа, на наредната седница на Советот на Град Скопје новиот ценовник ќе биде ставен на дневен ред за усвојување. За да биде заокружена цената ќе предложиме намалување за 10 денари на паркирањето односно за затворените паркинзи и во катните гаражи наместо 30 да биде 20 денари. На зонските паркинзи во зона А од 50 денари паркирањето ќе се намали на 40, во зона Б од 40 на зо денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе биде 20 денари наместо 30 како што е досега“, вели директорот Јакимовски.

    ЈП „Градски паркинг“ лани во декември ги поскапе паркирањето за 5 денари. Тогаш од претпријатието објаснија дека новите цени се поради зголемените трошоци за одржување на паркинзите и катните гаражи со кои стопанисуваат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира