СЕРХИО АГУЕРО ОБЈАВИ КРАЈ НА КАРИЕРАТА ПОРАДИ СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИ

    СЕРХИО АГУЕРО ОБЈАВИ КРАЈ НА КАРИЕРАТА ПОРАДИ СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИАгуеро дојде во Барселона пред неполни шест месеци (Фото: Гети)

    Серхио Агуеро изјави дека е горд на својата кариера откако морал да ја прифати тешката реалност да се повлече од фудбалот поради здравствени проблеми. Триесет и тригодишниот Аргентинец низ солзи ја соопшти веста покрај теренот на стадионот „Камп ноу“, што следува помалку од шест месеци откако се пресели од Манчестер сити во Барселона.

    Тој беше превезен во болница на 30 октомври откако почувствувал непријатност во градите на натпреварот со Алавес, по што на кардиолошките прегледи му била дијагностицирана аритмија.

    „Одлуката што ја донесов е за моето здравје“, кажа Агуеро.

    Тој ја завршува кариерата со постигнати 427 гола на 786 натпревари. За Барселона одигра само пет натпревари откако дојде како слободен играч од Манчестер сити, со кој за десет години освои пет шампионски титули во Англија. Агуеро е најдобриот стрелец во историјата на Сити со 260 голови, додека за репрезентацијата на Аргентина постигна 41 гол на 101 натпревар.

    „Ова е многу тежок момент за мене. Уште по првите тестови на клиника отворено ми беше кажано дека можеби нема да можам да продолжам да играм. Не ми беше лесно да го прифатам тоа, но горд сум на мојата кариера“, кажа Агуеро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира