27 МРТВИ ВО ПОЖАР ВО ПСИХИЈАТРИСКА КЛИНИКА ВО ОСАКА, СЕ ВЕРУВА ДЕКА Е ПОДМЕТНАТ

    27 МРТВИ ВО ПОЖАР ВО ПСИХИЈАТРИСКА КЛИНИКА ВО ОСАКА, СЕ ВЕРУВА ДЕКА Е ПОДМЕТНАТОва е најсмртоносниот пожар во Јапонија од 2019 година (Фото: АП)

    Се стравува дека 27 луѓе починале откако избувнал пожар во зграда во центарот на Осака и полицијата ја истражува можност дека бил подметнат.

    Пожарот почнал на четвртиот кат, каде што е сместена психијатриска клиника и се верува дека сите жртви биле нејзини посетители. Од 28 присутни, кај 27 е утврдена состојба на срцев застој, при што четири лица биле прогласени за мртви откако биле превезени во околните болници.

    Причината за пожарот, кој бил изгаснат за половина час, засега не е позната и полицијата истражува дали можеби бил подметнат. Очевидците изјавија дека виделе маж кој носел хартиена кеса, од која капела течност. Луѓето од останатите катови биле безбедно евакуирани.

    Ова е најсмртоносниот пожар во Јапонија од 2019 година, кога во студио за анимација во Кјото загинаа 36 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира