Воведете рестрикции или ќе имаме илјадници новозаразени и мртви на ден поради компликации од ковид-19, предупреди бртитанската владина група на научници, позната како Научно-советодавна група за итни случаи (Sage). Според нив, поради ширењето на омикрон, дневната бројка заразени до крајот на месецот може да стигне од 600 илјади до 2 милиона, ако веднаш не се воведат рестрикции. Научниците прогнозираат дека дневните болнички приеми ќе се движат од 3 илјади до 10 илјади, а бројката на смртни случаи ќе биде од 600 до 6 илјади на ден.
Советодавното тело ја предупреди британската Влада најбрзо што може пак да воведе построги рестрикции.
„Од исклучително значење е што поскорото носење строги мерки. Одложувањето до 2022 во голема мера ќе ја намали ефективноста на мерките и ќе ја направи помала веројатноста дека тие ќе спречат силен притисок врз здравствениот систем“, велат експертите.
Тие советуваат дека дека големите собири во затворено се голем ризик за ширење на заразата, по дома да не се собираат повеќе од шест лица, да се забранат патувањата во странство, како и да се ограничат посетите во домовите за стари лица.
Од денеска и Германија, покрај Феанција забрани влез за туристи и деловни патувања од Британија.
Саџид Џавид, секретар за здравство, во текст за „Сандеј Телеграф“ пак изјави дека „сѐ уште не знаеме многу за омикрон. Можеби е предоцна да се реагира“. „Би-Би-Си“ претпладнево ја пренесе изјавата на Џавид, во која вели дека ако советите од советодавната група се добри, неговата работа како секретар за здравство е да ги оспори и преиспитува тие совети и неговите основни претпоставки.
„Мислам дека не би било соодветно владата да го сфати тоа буквално“, рече тој.