ЛАБОРАТОРИЈАТА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА НА ТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БИТОЛА ЌЕ ДОБИЕ АКРЕДИТАЦИЈА ЗА МЕРЕЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО

    ЛАБОРАТОРИЈАТА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА НА ТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БИТОЛА ЌЕ ДОБИЕ АКРЕДИТАЦИЈА ЗА МЕРЕЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТОПрофесорите од Техничкиот факултет велат дека во Битола има различни загадувачи и не може да се каже кој е најголем (Фото: СДК.МК)

    Лабораторијата за животна и работна средина при Техничкиот факултет во Битола ќе се акредитира со пари обезбедени преку Министерството за образование. Акредитацијата е еден од седумте проекти на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола од областа на научно-истажувачката дејност кои ќе бидат финансиски поддржани од државата. Тоа се главно проекти за опремување и акредитации на лаборатории.

    Во лабораторијата на Техничкиот факултет подолго време се вршат мерења и научни истражувања од областа на заштитата на животната и работната средина. Се мерат бучава и загаден воздух и добивањето на акредитација ќе значи верификација на мерните методи што ги користат.

    Професорите велат дека во Битола има различни загадувачи и не може да се каже кој е најголем.

    „Во различни периоди од денот и годината имаме различни загадувачи. Ние ја мериме емисијата на цврстите честички ПМ10, 2,5 и 1 и се утврди дека има големи разлики кога е грејна сезона и кога не е. Има многу големи разлики во кој дел од денот и во кој дел од градот мерите, дали е сообраќајница, станбен дел или индустриски. Има повеќе загадувачи од сите области и не може да се каже кој е главен, варира тоа“, рече Владимир Мијаковски, професорот на Технички факултет.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира