ОПШТИНА ВЕЛЕС ДОДЕЛИ 48 БЕСПЛАТНИ САДНИЦИ ЗА СКЛУЧЕН БРАК, НОВОРОДЕНЧЕ, ВДОМЕНО ЖИВОТНО И ИЗГРАДЕНА КУЌА

    ОПШТИНА ВЕЛЕС ДОДЕЛИ 48 БЕСПЛАТНИ САДНИЦИ ЗА СКЛУЧЕН БРАК, НОВОРОДЕНЧЕ, ВДОМЕНО ЖИВОТНО И ИЗГРАДЕНА КУЌАВо Велес лани беа засадени 1.500 дрвја. (Фото: СДК.МК)

    Минатата година 13 баратели добиле вкупно 48 висококвалитетни дрвја по објавениот јавен повик на Општина Велес за доделување садници. Од пријавените, девет биле физички лица, а четири правни. Целата на оваа новина, која за првпат беше реализирана при крајот на годината, е подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во градот.

    „По  10 садници добија двајца баратели-правни лица, врз основа на добиено Решение за одобрување на Елаборат за заштита на животната средина. На тројца сопственици им се доделуваат по пет садници за купена или изградена куќа. Еден граѓанин доби  10 садници за вдомено улично куче“, велат од Општина Велес.

    На тројца граѓани им е доделена по една садница, во два случаи е за новороденче и во еден случај за склопен брак.  Начинот на распределбата беше „прв дојден, прв услужен“.

    Од Општината велат дела лани  биле  засадени над 1. 500 дрвја од нив 491 биле шестгодишни листопадни садници.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира