МЕСЕЦОВ ЌЕ СЕ РАСПИШЕ ОГЛАСОТ ЗА НАМАЛЕНИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА ЗА 7.500 ДОМАЌИНСТВАТА СО НИСКИ ПРИХОДИ

    МЕСЕЦОВ ЌЕ СЕ РАСПИШЕ ОГЛАСОТ ЗА НАМАЛЕНИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА ЗА 7.500 ДОМАЌИНСТВАТА СО НИСКИ ПРИХОДИЗа оваа намена од буџетот се обезбедени 60 милиони денари. (Фото: К. Попов)

    Во текот на овој месец, Владата ќе го распише огласот за домаќинства со ниски приходи да добиваат намалени сметки за струја од 600 до 800 денари. За оваа намена од буџетот на Владата се обезбедени 60 милиони денари, односно помош ќе има за над 7.500 семејства.

    Доделувањето на финансиската поддршка ќе се врши по принципот на најниски примања по домаќинство во 2021 година во секоја од категориите, сѐ до исцрпување на предвидените средства oд Буџетот за 2022 за оваа намена.

    Согласно програмата, финансиска поддршка ќе се доделува на лица ако нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа:

    – за самец до 15.194 денари;

    – за домаќинство со два члена до 18.000 денари;

    – за домаќинство со три члена до 21.000 денари;

    – за домаќинство со четири члена до 25.000 денари;

    – за домаќинство со пет или повеќе члена до 30.000 денари.

    Лицата со ниски примања за самец, домаќинство со два члена и за домаќинство до три члена се стекнуваат со намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари месечно, а лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена и за домаќинство со пет члена и повеќе члена, се стекнуваат со право на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 800 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.

    Од 1 јануари, како резултат на енергетската криза цената на струјата поскапе за 9,48, а се укина дневната евтина тарифа.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира