БИТОЛА СО 135 НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД, НАЈГОЛЕМ БРОЈ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА

    БИТОЛА СО 135 НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД, НАЈГОЛЕМ БРОЈ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТАБитола е прв град од внатрешноста по број на новозаболени, но и со активни 544 болни. (Фото: СДК.МК)

    Битола го достигна рекордот по број на новозаразени со ковид-19 во еден ден. Денес се регистрирани 135 нови случаи со коронавирус, што е најголем број од почетокот на пандемијата досега. Од вкупно 244 тестови направени во Центраот за јавно здравје и во болницата „Плодност“, позитивни се повеќе од половината.

    Во последните два дена во Битола има 229 новоинфицирани. Битола е прв град од внатрешноста по број на новозаболени, но и со активни 544 болни.

    Во последниве 24 часа во земјава регистрирани се 1.375 нови случаи на ковид-19 од 7.188 тестирања, починаа вкупно 4 болни, соопшти Министерството за здравство. Позитивни се 19 отсто од тестираните, за 3 отсто повеќе од вчера.

    И покрај големиот пораст на бројките на заразени лица, од Министерството за здравство соопштија дека засега нема промена на мерките за заштита од вирусот и важечките остануваат на сила.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира