ДРВО ОТКРИЕНО ВО КАМЕРУН КРСТЕНО ПО ЛЕОНАРДО ДИКАПРИО

    ДРВО ОТКРИЕНО ВО КАМЕРУН КРСТЕНО ПО ЛЕОНАРДО ДИКАПРИОUvariopsis dicaprio расте само во една камерунска шума (Фото: Кју)

    Дрво кое е ново за науката е крстено по оскаровецот и активист Леонардо ДиКаприо. Научниците од Кралските ботанички градини (Кју) кажаа дека сакаа да му оддадат почит на актерот за неговата борба против сечењето на дождовна шума во Камерун.

    Дрвото чие полно име сега е Uvariopsis dicaprio расте само во една камерунска шума позната по својот неверојатен биодиверзитет.

    „Тој имаше клучна улога во запирањето на сечењето на шумата Ебо“, изјави Мартин Чик од Кју.

    Научниците и конзерваторите бурно реагираа кога слушнаа за плановите дека ќе се сечат големи површини од оваа шума. Како една од најголемите релативно недопрени дождовни шуми во средна Африка, шумата е дом на племето Банен и на уникатна флора и фауна. ДиКаприо преку социјалните мрежи ја поддржа кампањата за спас на шумата, по што владата ги повлече своите планови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира