ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕЛА СПИСОЦИ ОД ГОСТИ И ДОКУМЕНТИ ОД ИМПРОВИЗИРАН МЕДИЦИНСКИ ПУНКТ ЗА ТЕСТИРАЊЕ ВО КАЗИНО ПО ПРЕТРЕСОТ ВО ДОЈРАН

    ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕЛА СПИСОЦИ ОД ГОСТИ И ДОКУМЕНТИ ОД ИМПРОВИЗИРАН МЕДИЦИНСКИ ПУНКТ ЗА ТЕСТИРАЊЕ ВО КАЗИНО ПО ПРЕТРЕСОТ ВО ДОЈРАНСлучајот бил откриен кога на ГП Дојрани при случајно тестирање на 45 патници, 9 биле позитивни иако со себе имале потврда за негативен тест од коронавирус.(Фото: Принтскрин телевизија Опен)

    Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица- ОВР Гевгелија вчера, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, извршиле претреси на три локации во Дојран, поради основано сомнение за сторено кривично дело, а во врска со наводите за фалсификување сертификати во тамошно казино.

    „Извршени се претреси кај три правни лица, при што е одземена службена медицинска документација која се однесува на извршени тестирања за присуство на Ковид 19, извршени претежно на лица од странство, одземен е електронски дневни (книга) на издадени сертификати за периодот од 19.12.2021 до вчера, петти јануари, а исто така извршени се службени разговори со две лица. При претресот извршен е увид и преглед во компјутерската евиденција (списоци на грчки државјани кои се пријавиле за тестирање) на правното лице, како и во просториите на импровизираниот медицински пункт во казино во Стар Дојран”, вели МВР.

    По насоки на јавен обвинител целокупната одземена документација ќе биде доставена до ОЈО Гевгелија за нивно постапување, а МВР ќе ги преземе сите мерки и активности за кои ќе добие насоки од надлежното обвинителство со цел расчистување на случајот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира