ЗА 9 ЧАСА 24 ПОСЛАБИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО БЛИЗИНА НА БИТОЛА, ГОЛЕМ БРОЈ ГРАЃАНИ НОЌТА ЈА МИНАА НАДВОР

    ЗА 9 ЧАСА 24 ПОСЛАБИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО БЛИЗИНА НА БИТОЛА, ГОЛЕМ БРОЈ ГРАЃАНИ НОЌТА ЈА МИНАА НАДВОРОд сите 24 земјотреси до утрово само еден е со епицентар на македонска територија, поточно на 21 километар од Новаци, а сите други се во Северна Грција во Леринскиот Регион.(Фото: СДК.МК)

    Од првиот земјотрес со јачина од 5,6 степени кој се случи  синоќа во 22,43 часот на пет километри северозападно од Лерин во Грција, до утрово беа регистрирани, а дел и почувствувани во Битола,  24 земјотреси. Двата посилни потреси утрово битолчани ги почувствуваа во 7,28 и 8,01 часот. Едниот со епицентар на седум километри од Лерин и јачина од 3,6 степени, а другиот нешто послаб на девет километри од Аминдео, исто така во Грција.

    Од сите 24 земјотреси до утрово само еден е со епицентар на македонска територија, поточно на 21 километар од Новаци, а сите други се во Северна Грција во Леринскиот Регион.

    Земјотресите во Битола предизвикаа мали материјални штети, како пукање на тавани и ѕидови, но и страв кај жителите кои дел од ноќта ја поминаа будни на улиците.

    Утрово во Битола врнe дожд, па повеќето битолчани и покрај утринските потреси сепак останаа во домовите.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира