ЛАНИ РЕКОРДЕН БРОЈ ПОЧИНАТИ ВО ВЕЛЕС

    ЛАНИ РЕКОРДЕН БРОЈ ПОЧИНАТИ ВО ВЕЛЕСВо Општина Велес бројот на починати е 790, што е 97 повеќе отколку во 2020, ова се највисоките бројки по 1945 откако се води евиденција. (Фото: СДК.МК)

    Според бројките на издадени дозволи за погреб од ЈКП „Дервен“ за градот Велес, лани имало 677 починати, за 93 повеќе од 2020. Во Општина Велес, во која влегуваат и селата, бројот на починати е 790, што е 97 повеќе отколку пред 12 месеци. Ова се највисоките бројки на починати во Велес и Велешко после војната 1945, откако се води евиденција.

    За овој период од 365 дена, од последиците на коронавирусот во Велешко починати се 164 лица.

    „Во овие бројки се опфатени сите погреби кои се случиле изминатите 365 дена. Податоците се за издадените одобренија и се однесуваат за гробните места од двете цркви, новите гробишта во Раштани и за муслиманските гробишта, како и за гробиштата во сите села од Велешко. Тука се погребани сограѓани кои починале и во други градови, старечки домови, болници, лица кои починале надвор од државата, но се донесени да се почиваат во родниот крај“, велат од ЈКП „Дервен“ кое ги издава овие одобренија.

    Докторите не сакат да коментираат на што се должи вака високиот број на починати во градот и околината, и велат дека секој поединец е со своја животна приказна и не може да се генерализира.

    За споредба, во 2018 за Општина Велес биле издадени 528 одобренија за погреб, од нив 473 биле во градот Велес, а во 2014 односот бил 494 во Велес, а 648 заедно со селата.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира