РАКОМЕТАРИТЕ ПОРАЗЕНИ И ОД ЦРНА ГОРА, НАСТАПОТ НА ЕП ГО ЗАВРШУВААТ ВО ПРВАТА ФАЗА

    РАКОМЕТАРИТЕ ПОРАЗЕНИ И ОД ЦРНА ГОРА, НАСТАПОТ НА ЕП ГО ЗАВРШУВААТ ВО ПРВАТА ФАЗАНа избраниците на селекторот Кире Лазаров им останува уште дуелот со фаворитот во групата Данска в понеделник. - Филип Кузмановски (Фото: СДК.МК)

    Македонската ракометна репрезентација загуби денеска од Црна Гора со 24:28 во второто коло од групата Е на Европското првенство во Унгарија.

    По поразот од Словенија во првото коло, на избраниците на селекторот Кире Лазаров им останува уште дуелот со фаворитот во групата Данска в понеделник.

    Мартин Велковски постигна шест гола за Македонија, а кај Црногорците, Милош Вујовиќ и Божо Анѓелиќ дадоа по шест гола. За играч на натпреварот беше прогласен голманот на Црна Гора Небојша Симиќ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира