Второто полугодие за учениците во основните и средните училишта ќе почне на 1 февруари, а учебната година ќе заврши на 10 јуни, одлучи Владата. Вечерва Владата донесе ваква одлука откако Кризниот штаб и Комисијата за заразни болести имајќи ја во предвидд епидемиолошката состојба со ковид-19, препорачаа второто полугодие наместо на 20 јануари да почне на 1 февруари.
„Оваа одлука ја донесовме на денешната втора седница на Владата во интерес на заштита на здравјето, согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни, со соодветна адаптација на наставните планови“, напиша на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.
А. АНТЕВСКА